top of page

Мои иновации

Цилиндричен сито печат
На сликите е даден приказ на машина за рачен сито печат на предмети
со цилиндричен и конусен облик како што се разни видови на стаклени и
пластични шишиња, чаши, тегли и слични производи.
     Машината се состои од куќиште на кое што е поставен статичен ракел, подвижни валјаци на кои што се поставува предметот кој ќе се печати и сито кое рачно се придвижува во текот на печатењето.
     Куќиштето е изработено од иверица, ракелот е со дрвена дршка и гумена влошка, додека подвижните валјаци се изработени од пластика која што е обложена со гума.

Машина за тампон печат
 
На сликата е даден шематски приказ на автоматска машина за тампон печат.
     Мојата замисла е машината да биде изработена со метално куќиште и да користи клише со димензии 100 х 100 mm 
На оваа машина ќе може да се печатат: пенкала, запалки, календари,     тастатури и други производи без оглед на видот на материјалот од кој што се изработени, ниту пак на нивната висина.

Повеќебојна машина за сито печат

  На сликата е даден тродимензионален приказ на рачна машина за сито печат со максимални димензии од 500 х 500 mm. Машината овозможува печатење на секаков вид подлоги за печатење, но се препорачува нивната површина да биде мазна. Овозможува лесно монтирање на вложувачката маса и подесување на пасерите за секоја боја. Наменета е за печатење на маици во повеќе бои.

© Copyright 2013 cvmartin.wix.com/dimitrievski.

bottom of page