top of page

Проект „Графички минијатури“
     Проектот се реализираше во периодот декември 2011 г. -јануари 2012 г.                                                         во проектот учествуваа 50-тина ученици од СОУ „Таки Даскало“ – Битола и ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола.
Учениците-графичари, низ заедничките работилници, им помагаа на првачињата креативно да се изразуваат со бои, а истовремено ги усовршуваа своите практични искуства за изработка на едноставни графички производи, како и вештините за комуникација и тимска работа.
     Во рамките на проектот беа дизајнирани корици и книжни блокови за тефтерчиња, корици и мозгалки за боенки, како и честитки за Нова година.                    Тефтерчињата и боенките беа графички доработени (свиткани, собрани табак во табак и прошиени со жица низ превојот), а беа подготвени и новогодишни пакетчиња кои им беа подарени на првачињата.

Проект „Преработка на хартија - оригами“

     Проектот се реализираше во периодот февруари – март 2012 г.
     Во проектот учествуваа 39 ученици од СОУ „Таки Даскало“ – Битола (од графичката секција) и ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола (I1 одд.).
     Членовите на графичката секција најпрво истражуваа на Интернет заради изнаоѓање на модели на оригами соодветни на возраста на учениците од основното училиште, потоа изработуваа пробни примероци и вазнички за оригамите пресвленеи со различни материјали.​

     На заедничките работилници беа изработени огромен број на различни оригами од хартија во боја и саксиски оригами-цвеќиња по повод празникот на жената 8-ми Март..

Проект „Врамени фотографии“

     Проектот се реализираше во периодот март – април 2012 г.
     Во проектот учествуваа 40-тина ученици од СОУ „Таки Даскало“ – Битола и ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола.
     Со цел поттикнување на учениците за креативно изразување со користење на хартија, картон и природни материјали, како и заради запознзвање со обликувањето преку спојување, градење и конструирање со помош на разни форми и материјали, во графичкиот кабинет на СОУ „Таки Даскало“ беа изработени модели на рамки од брановиден картон, а во ОУ „Тодор Ангелевски“ сите учесници во проектот заеднички ги
декорираа рамките со природни материјали и ги поставија во училишните простории.

Проект „Комбинирање на елементи во ефикасна дизајн-целина“

Проектот се реализираше од март до јуни 2012 г.    

Во проектот учествуваат 59 ученици од СОУ „Таки Даскало“ и ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
     Во текот на март и април 2012 г. во СОУ „Таки Даскало“ се реализираа активности за областа на графичкиот дизајн – редизајнирање на оштетени изданија од училишната библиотека и дизајнирање на корица за книга поезија.
     До крајот на април 2012 г. учениците-графичари им демонстрираа на учениците од четврто и петто одделение како да реставрираат оштетени книги од нивните училишни и домашни библиотеки со што имаат можност да ги зајакнат своите презентерски, комуникациски и вештини за тимска работа.

Проект „Права, безбедност и обврски на работно место“

Проектот се реализира од март 2012 г., а ќе трае до јуни 2013 г.
        Партнерски училишта во проектот се: СОУ „Таки Даскало“ – Битола, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје.
        Во проектот активно учествуваат околу 100 ученици од трите училишта. На 07 април 2012 г. во СОУ „Таки Даскало“ се реализираше воведна работилница заради запознавање на учениците и нивно воведување во тимска работа. Втората работилница - „Опасности на работно место“ се реализираше на 23 април 2012 г. во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, а на 07 јуни 2012 г. во СОУ „Таки Даскало“ се реализираше првиот дел од третата работилница – „Препознавање на знаци за предупредување од потенцијална опасност во заедницата и на работното место“..Вториот дел од третата работилница се спроведуваше во текот на втората и третата седмици од јуни во графичкиот кабинет на нашето училиште. Се изведуваа активности за изработка на шаблони за знаци за опасности и за дизајнирање на дидактичко помагало – едукативна игра од областа на безбедноста при работа. Во тек се активности за печатење на едукативната игра и меѓуучилишен натпревар

Проект „ГРАФИКАТА ВО ПРАКТИКАТА“

Проектот:го реализираа СОУ „Таки Даскало“ и ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола во периодот ноември 2012 г. – април 2013 г. Учество зедоа 51 ученик од прво и петто одд. од основното училиште и 20 членови на графичката секција. Сите подготвителни активности се реализираа во графичкиот кабинет, а работилниците во основното училиште и тоа на 08. 11. 2012 г., 06. 12. 2012 г., 14. 03. 2013 г. и последната седмица од април. Учениците од графичката секција помагаа при изработката на тефтерчиња, оригами-птици, фигури-дрвја, декорирање со додатоци од природни материјали, изработка на маски од хартија, картон и додатоци по повод 1-ви Април – Денот на шегата и изработка на сложувалка.

© Copyright 2013 cvmartin.wix.com/dimitrievski.

bottom of page